Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( „ Сл.весник на РМ “ бр.5/02 и „ Сл.весник на РСМ “ бр.202/24), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 60 редовна седница на Советот на општина Неготино.

Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 16.07.2025 година   ( среда ) во  15:00 часот.

За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 59 редовна седница на Совет на општина Неготино

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на пат од с. Долни Дисан до с. Горни Дисан, општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на Градски плоштад општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на улица „ Ленинова “ во општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција во населено место Криволак КП 2434, општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на улица во с. Курија “ општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на тротоар на ул. „ Маршал Тито “ ( од Либерта до градски плоштад ) и ул. „ Партизанска “ ( од градски плоштад до спој со ул. „ 4 Јули “, општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Изградба на улици и кружен тек на ул. „ Маршал Тито “ на спој со ул. „ Партизанска “, ул. „ Даме Груев “ и ул. „ Христо Ботев “ во општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција со рехабилитација на ул. „ Маршал Тито “ општина Неготино “ , фаза II ( оска -2 км 0+000.00-км 0+897.05 )

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на дел од улици во с. Војшанци, општина Неготино “

 

  1. Предлог – План на програма за развој „ Реконструкција на улица во с. Долни Дисан ( доморотско маало ), општина Неготино “

 

  1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2025 година

 

  1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2025 година

 

  1. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2025 година ( прв ребаланс )

 

  1. Предлог- Одлука за предавање на стопанисување на Градски пазар на ЈП „ Комуналец “ Неготино

 

  1. Предлог – Решение за давање согласност на Меморандум за соработка помеѓу ДККД АГ ФУТУРА ТЕХНОЛОГИИ ДООЕЛ Скопје и општина Неготино

 

  1. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка врз основа на направената распределба на средства на спортски клубови/сојузи

од Буџетот на Општина Неготино за 2025 година

 

  1. Предлог – Решение за давање согласност за склучување спогодба за надомест на нематеријална штета

 

  1. Предлог – Решение за давање согласност за склучување на Спогодба за изградба на исклучок од автопат А1 ( делница Велес-Неготино ) и поврзување со регионален пат Р1102 ( Р103, делница велес-Неготино ) и проширување и адаптација на постоен мост на крак 2 на км0+298,91 КО Неготино, општина Неготино

 

  1. Предлог- Одлука за прифаќање донација на проектна документација

 

  1. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино

 

  1. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино

 

  1. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски  “ Неготино за 2024/2025 година

 

  1. Предлог – Заклучок за Годишна програма за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2025/2026 година

 

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици

 

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
Close Search Window