Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( „ Сл.весник на РМ “ бр.5/02 и „ Сл.весник на РСМ “ бр.202/24), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 61 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 06.08.2025 година ( среда ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 60 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 32 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за предавање на стопанисување на Градски пазар на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица 1, дел од Блок 3 (помеѓу улиците ,,Маршал Тито” и ,,Никола Петров”), Oпштина Неготино
- Предлог – Одлука за предавање во владение на броило за електрична енергија од општина Неготино на Здружение на граѓани за младинско учество во заедницата „ Зајакнување на заедницата за промени “ с. Тимјаник, Неготино
- Предлог- Решение за согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на општина Неготино
- Предлог – Решение за согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за формирање на воспитни групи со зголемен број на деца во учебната 2025/2026 година во ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “Неготино
- Предлог- Решение За давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков“ Неготино
- Предлог- Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода пролетен мраз што ја зафати општина Неготино од 04. до 09. 04. 2025 година
- Предлог – Заклучок за отпочнување на постапка за отстранување на склонопадни објекти
- Предлог – Решение за измена на Решение за формирање на Комисија за утврдување на потребата од сечење/кастрење на дрвја на подрачје во општина Неготино