Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 62 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 26.08.2025 година ( вторник ) во 14:30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 61 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог- Програма за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во градско подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2025 година ( 21, 22 и 23 Септември 2025 година)
3. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2025- 30.06.2025 година
4. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за учебната 2024/2025 година
5. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за учебната 2025/2026 година
6. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за учебната 2025/2026 година
7. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за учебната 2024/2025 година
8. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за учебната 2025/2026 година
9. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
10. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
11. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на Заедничко претпријатие за вдомување на бездомни миленици стационар „ ШЕПА “ Кавадарци за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година