Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

  Од денеска 8-ми октомври започна да тече и до 24-ти октомври  оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино 8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози до архивата на општина Неготино е четврток 24-ти октомври. Пристигнатите предлози најпрво ќе ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот Совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во петок на 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на нашиот град.
Close Search Window