Врз основа на член 24 став 1од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број(51/05,137/07,91/09,124/10,18/11,53/11 год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот -Локална урбанистичка планска документација за изградбана стопански објект за Ладилник и преработка на земјоделски производи на КП 2184/1 КО Неготино , Општина Неготино , Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за изградбана стопански објект за Ладилник и преработка на земјоделски производи на КП 2184/1 КО Неготино Општина Неготино ,тех број 04/2013 од февруари 2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг ,, Доо Скопје.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 12-03 -2013 до 18-03-2013 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 15-03-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.