Се одржаа традиционалните улични трки
Најмалите ученици од 4 до 6 години во големата група од градинката “Фемо Кулаков” од Неготино со пригодна прошетка ја отворија традиционалната улична трка . Останатите над стотина ученици од двете основни училишта и средното општинско училиште во Неготино земаа учество на традиционалните улични трки кои се организиираа по повод одбележувањето на празникот на градот 8 Ноември.
Истите се натпреваруваа во категорија машки и категорија женски.ООУ „ Страшо Пинџур “ учество зема со 70 ученици, ООУ „ Гоце Делчев “ учество зема со 70 ученици и СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ зема учество со 50 ученици.
За најдобрите учесници следуваа дипломи и медали кои ги додели градоначалникот Горан Стојанов.