Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Традиционално, како и секоја, така и оваа година во рамките на спроведувањето на Програмата за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември, во нашиот град се одржа турнирот во гол-бал на кој учествуваат лица со оштетен вид. Настанот е во организација на општина Неготино и Здружението на слепи лица од Неготино, а учество на турнирот зедоа 3 екипи и тоа од градот домаќин Неготино,од Струмица и Кавадарци. Станува збор за специфична и мошне напорна игра во која сите учесници го даваат максимумот за да постигнат подобри резултати. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, на науспешните екипи им беа доделени дипломи и признанија за учеството на турнирот.

 

Close Search Window