Врз основа на член 24 став 1од Законот за просторно и урбанистичко планирање(Сл.весник на РМ број ( 51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11 и 53/11год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното :
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на планот Нацрт-Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општината донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт – Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино со тех број 128/12 од јануари 2013 год. изработен од А:Д: за урбанизам,проектирање и инжинеринг-ЗУМ-Скопје
Нацрт- Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 01-03-2013 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Месната заедница во с.Пепелиште , 30 работни дена од 12-03 -2013 до 22-04 -2013 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 22-04 -2013 год.во салата на с.Пепелиште во 18 часот.