Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Образование|

Спиро Ристовски, Министерот за труд и социјална политика присуствуваше на пуштањето во употреба на детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник.Во овие градинки ќе бидат згрижени околу 50 дечиња.
„Владата уште еднаш покажа дека децата се нашиот врвен приоритет. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме во детските градинки не само во централните градски подрачја, туки и на сите нивоа и сегменти, вклучувајќи ги и руралните средини“, изјави Ристовски.

 

Отворањето на трите градинки е дел проектот на Владата за отворање градинки во руралните средини. Проектот ќе се реализира во две фази. Во прва фаза, до јуни ќе се отворат 14 градинки, од кои шест треба да бидат готови до крајот на април. Вредноста на проектот во првата фаза е 12 милиони денари.
„За кратко време ќе се отворат и други вакви градинки на територијата на општина Неготино. Со овој проект се покажува вистинската одлука на Владата на Република Македонија, бидејќи во руралните средини од исклучително значење е отварањето на вакви објекти“, рече Ристовски.

Со ова, додаде тој, се обезбедува полесен пристап на дечињата од руралните средини до градинките, правилен раст и развој.
„Ова ќе значи исклучително економско социјално олеснување за родители кои во многу случаи беа принудени да ги носат своите деца во градинки во градот. Тоа ни се случуваше во целата држава, не само во Неготино“, нагласи ресорниот министер.
Директорката на градинката „Фемо Кулаков“ од Неготино Весна Нацева истакна децата ќе имаат можност во најсовремени услови да бидат дел од воспитно образовниот процес.

Close Search Window