Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 11-к став (1), (2), (3) и став (4) од Законот за Пожарникарство („СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „СлужбенвесникнаРепубликаСевернаМакедонија“ бр.152/19), Градоначалникот на општина Неготино во постапка на унапредување на професионален пожарникар преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А

За избор на професионален пожарникар

По пат на интерен оглас

            1.По интерниот оглас бр.03/2023 објавен на ден 13.11.2023 година за унапредување на професионален пожарникар по пат на интерен огласвоТериторијална противпожарна единица на општина Неготино и шифра на работно место: ПОЖ 02 10 А04 000 се избира Стојче Атанасов.

2.По завршувањето на постапката за избор и конечно стана оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за распоредување на професионалниот пожарникар од редот на високо раководните спасители.

3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.03/2023 година на ден 13.11.2023 година за унапредување на професионален пожарникар во Територијална противпожарна единица на општина Неготино со назив на работно место – Командир на ТППЕ на општина Неготино и шифра на работно место:ПОЖ 02 10 А04 000 . Комисијата за селекција и унапредување на професионалниот пожарникар на ден 20.11.2023 година во 14:00 часот спроведе административна селекција по интереноглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Стојче  Атанасов. На ден 21.11.2023 година во 12:00 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат. По спроведеното интервју ,Комисијата изготви ранг листа, врз основа на која Градоначалникот на општина Неготино изврши избор како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право да поднесе жалба до Општина Неготино во рок од 8 (осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата на институцијата.

Odluka po interen oglas 03

 

 

Close Search Window