Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По неодамнешното завршување на градежните работи за изградба на нова улица кои финишираа со асфалтирање на истата во должина од 410 метри, во селото Криволак започнаа активности за изградба на уште една нова улица во должина од 283 метри. Согласно договорот за изградба склучен помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Гама градба ДООЕЛ-Скопје на терен веќе се изведуваат работи согласно основниот проект изработен од Астрекс ДООЕЛ-Скопје. Рокот за изведување на градежните работи за изградба на новата улица во Криволак е определен во договорот за работа и изнесува 30 денови од воведот во работите.

 

Close Search Window