Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

 

Се известуваат сите правни и физички лица дека ќе се организира Јавна презентација и Јавна анкета од страна на Градоначалникот на Општина Неготино,  за просторот опфатен со следните плановити:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

1.  По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за  КП 1336/2м.в. Врежот,,КО Пепелиште,за објекти од социјална заштита- В2,  Општина   Неготино  ,тех број 24/2013 од април  2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг,, Доо Скопје.
2.  По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за лесна индустрија –Г2, за КП 1555, м.в. ,, Мостиште,  КО Пепелиште Општина   Неготино  ,тех број 27/2013 од април  2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг ,, Доо Скопје.
 
 Нацртот на плановите со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   04 -06 -2013 до    10-06-2013 год.   
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Плановите може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови секој работен ден од 08 до 16 часот

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино, секој работен ден од 08 до 16 часот.

Јавна презентација на Нацртот на плановите ќе се одржи на 10-06-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  

Close Search Window