На ден 23.03.2024 година во Апицентарот на Пчеларското здружение ,,Неготински мед,,-Неготино во с.Вешје се одржа еднодневна работилница во склоп на проектот,,Воведување на неавтохтони медоносни растенија во пчеларството,,при што активно учество зедоа 15 членови.Едукатори беа реномираните пчелари и научни работници Проф.Д-р Благој Иванов со тема ,,Медоносните растенија,,-негова докторска дисертација, со тенденција за воведување на неавтохтони видови за поквалитни приноси од пчелни производи.Свое успешно излагање во вториот дел имаше М-р Јане Марков-Претседател на пчеларската федерација со тема ,,Актуелни состојби во пчеларството,,, можни мерки за спречување на заразните и паразитарните болести,како и зачувувањето и подобрувањето на целокупниот биодиверзитет.Како практична ангажираност беа посадени 100 садници од јапонски медоносен багрем -софора.