Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Неодамна информиравме дека општина Неготино го поддржува и ќе земе активно учество во натпреварот помеѓу општините-Триумф, а последните информации од организаторот се дека сите заинтересирани граѓани на нашата општина за учество можат да се пријавуваат најдоцна до 25-ти мај, оваа година. Екипата која потенцијално би ја претставувала општина Неготино на ова натпреварување треба да биде составена од тројца учесници од кои една жена и треба да се полнолетни, физички подготвени, ентузијасти по адреналински предизвици. Сите заинтересирани пријавата можат да ја поднесат на електронската адреса info@negotino.gov.mk  или на телефонскиот број 043-361-045 секој работен ден од 08,30 до 15,30 часот. Инаку, шоуто Триумф ќе се емитува на You tube каналот на Lazarov.

Close Search Window