Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Во четврток на 6-ти овој месец на целата територија на општина Неготино ќе се спроведе дезинсекција за уништување на комарци. Прскањето ќе се одвива со препаратот ,, аквакотрин ” – еден од најефикасните за уништување на комарците и ќе започне околу 22,00 часот со тоа што на почетокот ќе бидат опфатени периферните делови на општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала, ќе се прска во централното градско подрачје. Токму затоа, се препорачува на населението во овој период да биде попасивно во делот на движењето во центарот на градот, а до пчеларите и пчеларските здруженија се апелира да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Средствата потребни за спроведување на активноста за дезинсекција се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Close Search Window