Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/02) член 110 став 2 од Законот за заштита и спасување ( „ Службен весник на РМ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16, 106/16 и 83/18 и „Службен весник на РСМ “ бр. 215/21 ) а во врска со Одлука заутврдување на персоналниот и материјалниот состав на силите за зашта и спасува  начинот на раководење и командување со силите за заштита и спасување и командите („ Службен весник на РМ бр.124/06 “ ), Советот на општина Неготино  на седницата одржана на ден  10.07.2024   година го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

За формирање на  Штаб за заштита и спасување на Општина Неготино

 

Член 1

Се формира Штаб за заштита и спасување на територијата на општина Неготино  во состав:

  1. За Командант на Штабот за заштита и спасување на општина Неготино се именува: Гордана Јованова – Советник во Советот на општина Неготино;

Заменик – командант : Фанка Мингова Јанчева – овластено лице во Дирекција за заштита и спасување на Подрачно одделение Неготино

 

  1. За Началник на Штабот за заштита и спасување на општина Неготино се именува : Марија Нацева – Секретар на Општина Неготино ;
  2. За помошници на Началникот за :
  • Оперативни работи : Стојче Атанасов – командир на ТППЕ Неготино
  • Заменик: Димитар Ташев – заменик командир на ТППЕ Неготино
  • Хуманитарни мерки за заштита и спасување: д-р Цветанка Димова – лекар општа пракса
  • Згрижување и евакуација : Марјан Грнчаров – командир на ПС ОН Неготино

Заменик: Борче Јанев – инспектор за прифат –сменоводител во ПС ОН Неготино

 

  • Технички мерки за заштита и спасување:

 

  • Заштита и спасување од пожар : Пане Трајков – раководител на РЦУК Неготино

Заменик : Митко Ѓорѓиев – директор на ЈП „ Комуналец “ Неготино

  • Заштита и спасување од поплави: Лазар Најдов Чолак – советник во Советот на општина Неготино
  1. Помошен персонал

 

  • Изврштел – администратор : Ристе Донев – Виш систем администратор во општина Неготино

Заменик : Николина Панова – раководител  на одделение за правни и општи работи во општина Неготино

  • извршител – записничар: Анастасија Стојанова – советник за правни работи
  • извршител- курир/возач : Ристе Стојановски – доставувач во општина Неготино
  • извршител – возач/курир : Јане Мелов – возач во општина Неготино

Член 2

 

Со донесувањето на ова Решение престанува да важи Решението бр. 08-210/14 од 30.04.2019 година ( Службен гласник на општина Неготино бр.04 / 19).

 

Член 3

Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „ Сужбен гласник  на општина Неготино “ .

Close Search Window