Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино се донесоа следните заклучоци:
- Се апелира до институциите од регионот за логистичка подршка на терен
- Да се побара асистенција од воздушни помагала ер-трактори и канадери
- Да се изврши заштита на населените места Липа,Калањево,Бела Вода и околните места зафатени од пожарот
- Се апелира до населението да нема движење на критичните точки
- Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места;
- Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите кои не ја попречуваат нивната дејност да ги стават на располагање своите ресурси;
- Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен;
- Се апелира до сите граѓани кои доброволно сакаат да помогнат во справување со настаната состојба да се пријават во Општина Неготино на тел бр. 043/361-045.
Штаб за заштита и спасување на општина Неготино