Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен.
Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги наведуваат непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот.
На вечерашниот состанок на Кризниот штаб на општина Неготино заклучено е активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположивите ресурси да продолжат утре ( 15.07 ) во раните утрински часови.
Кризниот штаб побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат механизација.
Close Search Window