Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Попладнево во работна посета на Неготино престојуваше министерот за спорт во Владата на Република Македонија Борко Ристовски со кого извршивме увид во состојбата на спортската сала Младост во нашиот град.
За жал, констатиравме дека состојбата е далеку од она што како критериум важи за една функционална спортска сала, односно и двајцата констатиравме дека постојат бројни пропусти кои датираат од последната реконструкција на салата.
Заедно со министерот Ристовски се согласивме дека се потребни дополнителни работи на салата како истата би го добила стариот сјај кога беше гордост на Неготино, но и да се стави во целосна функција на спортските клубови, спортистите и рекреативците од општина Неготино.
Close Search Window