Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

После децении чекање, граѓаните на општина Неготино ќе добијат нов, модерен и најсовремен градски пазар.
Имено, и официјално стартуваат активностите за изградба на нов градски пазар на местото каде што е и локацијата на постоечкиот.
Станува збор за затворен пазар, ќе бидат поставени нови и современи метални тезги, ќе биде обезбеден полесен и безбеден пристап до пазарот, со еден збор општина Неготино ја остварува долгогодишната желба на своите граѓани кои конечно ќе добијат градски пазар по највисоки стандарди.
Се информираат граѓаните на општина Неготино и пошироко дека поради започнувањето на работите, од вторник ( 13.08 ) постоечкиот пазар ќе биде дислоциран и тоа на паркинг просторот веднаш до сегашната локација.
Close Search Window