Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во пресрет на 18-ти август – Денот на македонската армија, денеска на покана на командантот на касарната Криволак и Центарот за поддршка на обуката на Армијата на Република Македонија потполковник Горан Кимов, денеска како градоначалник на општина Неготино присуствував на пригодната свеченост која се одржа во просториите на Центарот за обука Пепелиште.
На сите припадници на АРМ која ги штити границата, сувереноста, унитарноста и безбедноста на Република Македонија и во континуитет години наназад им помага на граѓаните во справувањето со природни непогоди им го честитам 18-ти август – Денот на македонската армија.
Close Search Window