Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Врз основа на програмата за финансирање на управување со отпад на Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Неготино обезбеди 58 нови контејнери за селектирање отпад кои ќе бидат ставени на располагање на ЈП Комуналец.
Садовите за отпад ( контејнери) ќе се постават на подрачјето на градот и во сите населени места во општината.
Контејнерите наменети за одделно собирање на отпад според видот и карактеристиките за селекција ќе бидат одбележани со соодветна боја и на истите ќе има јасна ознака за видот на отпадот за кој се наменети.
Контејнерите за селекција на отпад ќе бидат поставени на локации во непосредна близина до контејнерите за измешан комунален отпад.
Close Search Window