Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2024 година и ПРАВИЛНИКOT ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СПОРТИСТИ, СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ, Општина Неготино објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за финансиска поддршка на на спортисти, спортски клубови, спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот
за 2024 година
- На повикот можат да се пријават:
– Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
– Спортски здруѓенија регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
– Спортисти – поединци со адреса на живеење на територијата на општина Неготино;
– Тренери на спортски клубови со адреса на живеење на територијата на општина Неготино;
- Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да ја поднесат следната документација:
– Пополнет Образец за доделување на средства објавен на интернет страната на Општина Неготино;
– Потврда за настап со бројот на учесници на натпреварите, ранг листа и резултат од официјалните спортски национални и меѓународни федерации;
– Копија од тековна состојба издадена од Централен регистар (за клубови);
– Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт (за клубови);
– Потврда за членство од националната федерација во која членуваат;
– Копија од лична карта или патна исправа (за поединци или тренери)
– Потврда од националната федерација за тренерите и договор за работа во спотскиот клуб.
Тренерите на спортските клубови аплицираат за финансиска поддршка со успехот на спортистот индивидуалец или на спортскиот клуб.
Кај тренерите се засметува 20% од финансиската пооддршка која што ќе ја добие спортистот индивидуалец и 15 % од поддршката која што ќе ја добие спортскиот клуб.
- Критериуми
– Критериумите за добивање на финансиски средства се содржани во Правилникот за финансиска поддршка на спортисти, спортски клубови, спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот, објавен на официјалната веб страна на општината.
Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да бидат земени во предвид.
Пријавите се доставуваат во тврда копија до Општина Неготино или во електронска форма до одговорното лице во општината, на официјалната електронска пошта на општината, во предвидениот рок.
Образецот за пријавување во електронска форма може да се најде на интернет страната на Општина Неготино.
За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите – потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.
Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.
Субјектите – потенцијални корисници, потребната документација треба да ја достават по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино, со назнака “Пријава за финансиска поддршка на на спортисти, спортски клубови, спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот за 2024 година” или лично, во Архивата на Општина Неготино, кај лицето Даниел Јакимов.
Доставената документација и прилозите не се враќаат.
Јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавувањето.
Образец_ГОДИШНА_ПРОГРАМА_ЗА_КОРИСТЕЊЕ_СРЕДСТВА_2024 Неготино