Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Согласно договорот за одржување и реконструкција на детски игралишта и поставување нова урбана опрема, во тек се активности на повеќе локации.
Па така, по реконструкцијата на детското игралиште кај Музејот на град Неготино, завршија активностите за реконструкција и поставување нови реквизити на детското игралиште во населбата Саат кула.
На задоволство на најмладите наши сограѓани, и не само на нив, на детското игралиште поставени се нови реквизити, клупи за седење, а целиот околен простор е оплеменет со зелени површини.
Апелираме до корисниците да ги чуваат и одржуваат во исправна состојба, бидејќи тоа е од интерес за сите.
Close Search Window