Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На мое големо задоволство како градоначалник на општина Неготино денеска на првиот училишен ден од учебната 2024/2025 година присуствував во двете основни училишта во градот каде што со пригодна програма беше одбележан почетокот на школската година и првиот училишен ден за првачињата.
Со гордост можам да истакнам дека наспроти тенденцијата во цела држава на намалување на бројот на ново запишани ученици, во двете основни и подрачните училишта во општина Неготино се запишани 10 првачиња повеќе од минатата година, лани биле запишани 169, а оваа година 179 првачиња.
Информирав дека и оваа година од Буџетот на општина Неготино обезбедивме средства за исплата на по 3.000 денари еднократна парична поддршка за секое прваче кои деновиве ќе бидат префрлени на сметките на родителите, за што благовремено ќе информираме.
На сите ученици од средното, двете основни и основното музичко училиште им посакувам среќна и успешна нова учебна година.
Close Search Window