Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Согласно Програмата за Енергетска ефикасност за 2024 година  ( „Службен гласник на општина Неготино “ бр.20/23 и 16/24 ), Општина Неготино објавува

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на поставување инвертер клими во домаќинствата во општина Неготино за 2024 година  

 

 

  1. Опис на Јавниот повик

 

  • Општина Неготино со цел да ги стимулира граѓаните на општината (домаќинствата) за употреба на инвертер клима уреди во своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на граѓаните кои ќе купат инвертер клима уред во периодот од објавувањето на јавниот повик 26.09.2024 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот во износ од 7.000,оо  денари во нето износ по домаќинство.
  • Персоналниот данок е на товар на Општина Неготино.
  • Јавниот повик ќе трае заклучно со 26.10.2024  година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино за оваа намена во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
  • Документите ќе може да се поднесуваат почнувајќи од петок 27.09.2024 година .
  • Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на општина Неготино за оваа намена, општината ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
  • Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по датум, час и минута на аплицирање заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата и истите ќе се разгледуваат.

 

 

  1. Право на учество на Јавниот повик:

2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Неготино кои имаат купено инвертер клима уред во период од 26.09.2024 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

2.2 На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

2.3 На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени домаќинства ( сметки за различни броила за електрична енергија).

 

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот:
    • Барателот треба да ги исполни следните услови:
  • да e жител на општина Неготино;
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на инвертер клима уред од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ);
  • да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • набавениот уред да биде купен од денот на објавувањето на јавниот повик се до завршување на истиот односно до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино  за оваа намена;
  • набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики:
  • енергетска класа на ладење и греење минимум А+
  • моќност при ладење и греење минимум 3,0 kw
  • работна температура -15 /+50 ºC

 

  • Само едно лице по домаќинство може да поднесе барање за добивање надоместок;
  • Повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија како доказ дека се посебни одвоени домаќинства;

 

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик
    • За надоместување на трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот да поднесе :
  • Потпишано барање за надоместок (Барањето може да се подигне од архивата на Општина Неготино или да се обезбеди од интернет страницата на општина Неготино : negotino.gov.mk ),
  • Фотокопија од важечка лична карта,како доказ дека е жител на општина Неготино,
  • Фотокопија од трансакциска сметка исклучиво лична на барателот ,
  • Оригинален доказ дека е извршено купување во периодот назначен во Јавниот повик и тоа со фискална сметка или фактура со прилог извод од деловна банка за извршена уплата во целост или фактура со прилог уплатница,
  • Оригинална потврда заверена/и со потпис и печат од продавачот дека набавената инвертер клима ги исполнува следните минимални карактеристики: енергетска класа на ладење и греење минимум А+, моќност при ладење и греење минимум 3,0 kw, работна температура -15 /+50 ºC; (Потврдата може да се подигне од Архивата на општина Неготино или да се обезбеди од интернет страницата на општина Неготино : negotino.gov.mk )
  • Изјава заверена на нотар дека нема користено односно нема добиено финансиски средства за набавка на инвертер клима уред од било кој извор во Република Северна Македонија. (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Неготино или да се обезбеди од интернет страницата на општина Неготино: negotino.gov.mk )

 

  • Дополнителни документи:
  • за одделни домаќинства кои се на иста адреса на живеење – сметки од броила за електрична енергија

 

Барањето и останатата документација барателот е потребно во затворен плик со назнака за Јавен повик за субвенционирање на поставување инвертер клими во домаќинствата во општина Неготино за 2024 година  да ги достави до Архивата на Општина Неготино секој работен ден во период од 08:00 до 16:00.

 

  • Пристигнатите барањата со пропратната документација ќе бидат евидентирани со точното време на поднесување ( датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
  • Во случај на неуредна (не читлива) документација, Комисијата го задржува правото да побара дополнителна документација која барателот треба да ја достави во најкус рок од денот на известување. Доколку дополната не е извршена, Комисијата ги отфрла барањата како некомплетни.

 

  1. Начин на спроведување на јавниот повик
    • Градоначалникот на општина Неготино формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката .
    • Комисијата го задржува правото да изврши теренски увид кај баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик. Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот инвертер клима уред.
    • За пристигнатите барања ќе се води листа со следните податоци:
  • име, презиме и адреса;
  • датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик .
    • Исплатата на одобрените средства ќе се врши според редот на пристигнати барања според дата и време на аплицирање по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Неготино.

 

  1. Начин на остварување на правото на надоместок
    • Градоначалникот на Општина Неготино на предлог на Комисијата носи решение за усвојување на барањето за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на не усвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Неготино  дава  писмено  известување .

 

Барање за инвертер клими 2024

И З Ј А В А

Јавен повик инвертер клими 2024

Потврда од фирма

 

 

Close Search Window