Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Пред општина Неготино во тек е постапка за отпочнување на отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија. На дел од катастерска парцела 9581 и катастерска парцела 9580/1 од страна на Комисија за увид на терен, увиден е лозов насад на непознат сопственик, без право на сопственост и без право на закуп, во согласност со побарано мислење од Министерство за земјоделие, водостопанство и шумарство ПЕ Неготино.

Лицето кое го работи лозовиот насад да се јави во просториите на општина Неготино – одделение за урбанизам и заштита на животна средина во најкус можен рок од објавувањето на ова Известување.

Close Search Window