На мое големо задоволство како градоначалник на општина Неготино денеска во работниот кабинет ги примив и имав пријатна можност да се задржам во краток разговор со дел од нашите најмлади сограѓани.
Имено, во рамките на активностите на Детската градинка Фемо Кулаков преку проектот ,, Градот низ детските очи ” и во пресрет на одбележувањето на 8-ми ноември Денот на ослободувањето на Неготино, примив дел од дечињата кои престојуваат во клонот Пролет.
Дечињата се интересираа и беа започнати со мојата работа како градоначалник на општина Неготино и на локалната самоуправа, а преку директна комуникација ги искажаа своите желби за тоа што тие би сакале да се изгради во општина Неготино.