Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЛЕР и јавни дејности|

Во рамки на проектот “Локалните власти на патот кон одржлива урбана мобилност во јадранскиот/јонскиот регион”На 27.05.2025 година во големата сала на општина Неготино се одржа првата од трите предвидени сесии Living Lab со Цел: Ко-креирање на идеи и мали решенија за одржлива и инклузивна мобилност во Неготино, со фокус на велосипедски и инклузивни патеки одржлива и инклузивна мобилност.
На сесијата беа презентирани Примери на успешни интервенции од мали градови
• Поврзување на велосипедизмот, пешачењето и инклузијата
• Картографирање на предизвици и потенцијали
• Теми за анализа:
o Непристапни или небезбедни делови на градот
o Недостиг од велосипедски патеки
o Пречки за лицата со попреченост
• Ко-креирање на мали решенија
• Генерирање идеи за:
o Инклузивни пешачки/велосипедски патеки
o Подобрување на безбедност и сигнализација
o Дигитални или комуникациски алатки за информирање
• Колективна дискусија
• Отворена дискусија: кои решенија се најреални, најпотребни и лесно пилотирачки
• Идентификување на следни чекори
• Што може да се тестира како пилот во следните 3-6 месеци
• Потребни актери, поддршка и локации
• Запишување на иницијални партнерства
Со што сесијата беше затворена со неформално поврзување и рефлексии од учесниците

Close Search Window