Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

   Во рамките на програмата за култура, а по повод Денот на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по трет пат го организира ревијалниот Фестивал на аматерски театар “Неготино 2014”. Во рамките на истиот ќе бидат изведени три театарски претстави, во изведба на аматерските театри од неколку града од државата.
Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е култната македонска театарска претстава “Тетовирани души”, со текст на неповторливиот Горан Стефановски, а во изведба на Градскиот театар “Сцена 71” од Свети Николе.
Под режисерската палка на Слободан Елисеев и Александар Миќев , актерската група составена од вкупно 14 актери, на 25 март, вторник во 19 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на овој македонскиот трилер пред неготинската публика.
Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценско-музички перформанс е драмата “Коштана” од српскиот автор Борислав Станковиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 14 актеричленови на аматерскиот театар од Демир Капија. Режијата е на долгогодишниот актер и режисер Димче Бањански, а музиката на Благој Глушков и Горан Костадинов. Среда, 26 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”.
Последната претстава со која воедно ќе биде затворено овогодинешното издание на фестивалот е комедијата (кабарето) “У кафанче карши станче” во изведба на кумановскиот театар, а истата ќе биде изведена на 27 март во 19 часот во центарот за култура “Ацо Ѓорчев”.

 

 

 

 

Close Search Window