Во рамките на Програмата „ Интерег Ипа Адрион “ која е кофинансирана од Европската унија, општина Неготино заедно со уште 5 општини од Јадранско-Јонската област добија грант за реализација на заеднички проект „ Локалните власти на патот кон одржлива мобилност во Јадранско-Јонскиот регион „ со акроним Ламо.
Проектот е со вредност од 1.192.251 евра од кои 168.170 евра се грант за општина Неготино со напомена дека времетраењето на проектот е 36 месеци.
Денеска во кругот на општината се изврши чинот на примопредавањето на возилото-комбе кое ќе биде наменето за превоз на лицата со попреченост, а во рамките на истиот проект е предвидена набавка на урбана опрема – знаци и канти за отпад за велосипедска патека, набавка на 5 електрични трицикли за лица со попреченост, на 10 електрични велосипеди, 5 полначи за истите, како и изработка на техничко-архитектонско истражување за велосипедска патека во општина Неготино.
Во мое лично име, како градоначалник на општина Неготино и од име на локалната самоуправа упатив јавна благодарност за донацијата и до Европската унија преку која се обезбедија средствата за реализацијата на проектот.