Во рамки на Програмата IPA CBC Грција-Р.С.Македонија, општина Неготино во партнерство со општина Пела-Грција, Грчко здружение за Алцхајмерова болест и сродни нарушувања, ЈЗУ,, ЗДРАВСТВЕН ДОМ -НЕГОТИНО“, и ИАН Институт за алцхајмерова болест и невронаука Скопје, го потпишаа Partnership Agreement ( Партнерскиот Договор) за реализација на Проектот „Еднаков пристап до здраствена грижа за возрасната популација во прекуграничната област – соочување со предизвиците од деменција ,,Elder-Care“.
Проектниот буџет за општина Неготино изнесува 128.249,00 евра, додека проектниот Буџет на Јавна здравствена установа Неготино ЈЗУ ,,ЗДРАВСТВЕН ДОМ -НЕГОТИНО“ е со вредност од 121.500,00 евра.
Проектот опфаќа проектни активности за општина Неготино:
- Развој на Дневен Центар за возрасни и ранливи групи со адаптација на простор и опремување со опрема за физичка активност и подобрување на ментално здравје на возрасни и ранливи категории на лица
- Ангажирање на мобилен тим од 4 лица асистенти за грижа на здравје на возрасни и ранливи категории на лица
- Обезбедување на медицинска опрема за мобилниот тим за грижа на здравје на возрасни и ранливи категории на лица
- Обезбедување на Медицинска опрема за грижа на здравје на возрасни и ранливи категории на лица
- Организирање на арт терапија за возрасни и ранливи категории на лица
- Организирање на окупациона терапија за возрасни и ранливи категории на лица
- Организирање на неколку настани за промоција на грижа на заедницата кон возрасни и ранливи категории на лица
Проектот ги опфаќа следните проектни активности за ЈЗУ,, ЗДРАВСТВЕН ДОМ -НЕГОТИНО“
- Развој на медицински кабинет во болница како „Центар за рехабилитација“
- Набавка на медицинска опрема за медицинскиот кабинет во болница „Центар за рехабилитација“
- Набавка на амбулантно возило за транспорт
- Набавка на преносен ултразвучен апарат, преносен ехо уред за ултразвучна дијагностика
- Набавка на медицинска опрема потребна за реанимација, дефибрилатор, мали уреди за амбулантното возило)
- Организирање на неколку настани за промоција на грижа на заедницата кон возрасни и ранливи категории на лица