Во рамките на реализацијата на проектот „ Подобрување на условите за квалитетен живот и безбедност на граѓаните преку реконструкција на тротоари во општина Неготино “ кој се спроведува врз основа на договорот помеѓу Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и општина Неготино, како градоначалник присуствував на започнувањето на градежните активности од проектот.
Станува збор за реконструкција на тротоар на ул. Маршал Тито наспроти Градскиот стадион до постојката во центарот на градот и тротоар на ул. Маршал Тито на потегот од кај паркот до градскиот плоштад од страна на општина Неготино.
Што се однесува до обезбедувањето на потребните средства за реконструкција на тротоарите, истите се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку апликација од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а врз основа на предходно склучен договор помеѓу Центарот и нашата општина.
Инаку, општина Неготино во делот на финансирањето учествува со 20 отсто од вкупната инвестиција за комплетна реализација на проектот.