Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Животна средина, Новости, Соопштенија|

Известување за организирање на општ јавен повик за одржување на  јавна презентација по урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани над 10МW на дел од КП 3038/1, 3099/1, 31355/1 КО Неготино- Општина Неготино, изработен од ДУПИ ТЕКТОН ДООЕЛ, друштво за консалтинг за животна средина Манеко Солушнс ДООЕЛ Скопје изработи нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина.Нацрт извештајот е изработен согласно одлуката за спроведување на стратегиска оцена на животната средина на Министерството за транспор, арх.бр.67-2379 од 09.05.2025год.

Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина ќе биде прикачена на веб страната на Општина Неготино www.negotino.gov.mk , а заинтересираната  јавност може да направи увид во документацијата од  22.07.2025  до 22.08.2025 година.

Забелешки, мислења и предлози може да се достават во електронска форма  на следната е-адреса: info@negotino.gov.mk  или во писмена форма за време на стручно презентирање на Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина, кое ќе се одржи на ден 13.08.2025год. (среда) во 10 часот во салата на Опшина Неготино.

Nacrt SOZS – UPPGDZ za folovoltaicna centrala, Negotino

Close Search Window