На 12.08.2025 во 12 часот во просториите на Општина Неготино ќе се одржи јавна презентација по повод започнување на реализацијата на проектот: „Изведба на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Грција, на територија на Северна Македонија“. Јавната презентација се организира со цел запознавање на локалното население со проектните активности и нивната динамика на територијата на општина Неготино, како и со механизмот за жалби и поплаки кој локалното население ќе може да го користи во текот на спроведувањето на проектот.