Општина Неготино континуирано води грижа да одговори на потребите на граѓаните, па токму затоа се интервенира на секој потег, уличка, сокаче со асфалтирање или бетонирање на улици во градот и населени места.
Така, деновиве се изврши реконструкција со бетонирање на крак од улица Манчо Малиминов со должина од 25 метри и променлива широчина, а со градежни работи се интервенираше и на крак од улица Браќа Миладинови со должина од 30 метри и променлива широчина со извршување на реконструкција и бетонирање на кракот.