Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКА И ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА СО НАМЕНА Е1.1-СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (ПЕШАЧКА И ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА), ОД ОПФАТ НА УЛ.КОСТЕ ВОЛКАНОВСКИ ВО ГУП НА ГРАД НЕГОТИНО ДО М.В. ТИМЈАНИЧКА ЦУЦКА, КО НЕГОТИНО И КО ТИМЈАНИК, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Проектниот опфат е дел во границите на ГУП а дел надвор од град Неготино и истиот минува низ земјен пат,/патека додека во граници на ГУП-от минува низ неизградено земјиште, се до улица Косте Волкановски, од каде практично почнува патеката, односно паркинг просторот на истата.
Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 11491 м2 и должина на траса од 2,3км.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 16.10.2025 до 30.10.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.
UP Pateka – Negotino (1)_compressed