Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше и зеде активно учество на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација „ Визија за реформи “. На настанот Нацева беше говорничка на панелот за иновативни и квалитетни услуги за граѓаните при што ги презентираше конкретните чекори на општина Неготино во процесот на дигитализација.
Градоначалничката Нацева информираше дека во нашата општина веќе тече процесот на дигитална трансформација преку изработка на нова веб страна,, поефикасни услуги и вклучување во платформата „М-заедница“ која на граѓаните им овозможува брз и директен пристап до информации.
Целта е единствена, а тоа е поефикасна, помодерна и потранспарентна општина која вистински ќе им служи на жителите на неготинска општина.


