Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денес во салата за состаноци на општина Неготино градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева додели 38 ваучери со вредност од 7.000 денари на родители кои во изминатиот квартал имале новороденчиња и го прошириле своето семејство.

За таа цел, од Буџетот на општина Неготино се издвоени средства од 266.000 денари како еднократна поддршка за семејствата со новороденчиња.
На сите присутни Нацева им ги честиташе приновите, а на бебињата им посака добро здравје и среќа во животот.
Со денешниот настан се заокружи доделувањето ваучери за тековната година, а со иста динамика ќе се продолжи и во 2026 година.

Close Search Window