Во организација на Локалниот младински совет на општина Неготино успешно беше реализирана обука за превенција и заштита од пиротехнички средства. На покана на претставниците на советот, свое обраќање пред присутните имаше градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева.
Обуката беше спроведена од страна на стручни лица од ОВР Неготино и ТППЕ Неготино кои на младите присутни на настанот им укажаа на ризиците од користењето на пиротехнички средства, опасностите кои ги носат и значењето за личната безбедност.
Градоначалничката Нацева потенцираше дека ваквите и слични обуки секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка, бидејќи безбедноста на младите е нејзин личен и приоритет на општина Неготино.

