Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ КОИ РАБОТАТ КАКО ТАКСИ ВОЗАЧИ ВО ПРАВНИ ЛИЦА ЛИЦЕНЦИРАНИ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА ОВАА ДЕЈНОСТ, ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Според измената и дополнувањето на Законот за превоз во патниот сообраќај (,,Службен весник  на РМ ”со бр.68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13 и 187/13), каде се менува членот 8 став 1 точка 4, потребно е такси возАчите да поседуваат меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици ( CEFR ) на Советот на Европа.
Поради тоа општина Неготино со цел да им помогне на такси возачите ќе организира посетување на обука за полагање на испитот за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1, за кандидатите кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Неготино за оваа дејност, при што трошоците за оваа обука ќе ги сноси општина Неготино.
1.1.  Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Неготино за оваа дејност, за посетување на обука за полагање на испит за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа.
1.2. Обуката за полагање на испит за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик опфаќа посетување на предавање кое ќе го вршат професори по Англиски јазик.
1.3. Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови, за ниво А1
1.4. За заинтересираните пријавени кандидати во дадениот рок со овој Јавен повик, трошоците за обука ќе бидат преземени од страна на општина Неготино.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Неготино за оваа дејност,  кои ги исполнуваат следниве услови :
– лицата да не бидат постари од 62 години
– да се вработени како такси возачи.
3. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА
3.1. Заинтересираните кандидати кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Неготино за оваа дејност, за посетување на обуката за полагање на испитот за добивање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик поднесуваат пријава до архивата на општина Неготино.
3.2. Готов образец од пријава за заинтересираност за посетување на оваа обука може да се подигне во архивата на општина Неготино или на официјалната интернет страна на општина Неготино (negotino.gov.mk).
3.3. Кон пријавата се доставува следнава документација:
– копија од лична карта
– копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
4.1. Пријавите можат да се достават во рок од 40 дена од денот на објавувањето на огласот.
4.2.Пријавите се доставуваат директно во aрхивата на општина Неготино, со седиште на  ул.„Ацо Аџи-Илов“ бр.2.
5. НАПОМЕНА :
– Со обука ке се отпочне во наредните месеци при што сите пријавени кандидати поединечно ќе бидат известени.
– Кандидатите кои нема да се пријават на јавниот повик до рокот предвиден за пријавување, немаат право да ја посетуваат обуката организирана од страна на општина Неготино односно подготовките за испитот ќе биде на нивни трошок.
Close Search Window