Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино започна со изработка на основен проект за реконструкција на ул. Индустриска од спој со ул. Гимназиска до спој со ул. Маршал Тито и регионалниот пат (Р1103), – Неготино- Кавадарци.

Екипите од проектантската фирма заедно со претставници на стручните служби при општина Неготино, веќе интензивно работат на терен , каде што во самиот проект е предвидено да бидат опфатени и детално разработени постојните конструктивни елементи,  односно елементите од водоводниот и канализациониот систем(шахти, сливници), атмосферска канализација и технолошка вода, сите останати подземни и надземни инсталации.

Како што информира градоначалничката Нацева, се предвидува изградба и на тротоари од двете страни на улицата, електрично осветлување и асфалтирање на трасата во должина од 1.800 метри

Close Search Window