Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева информираше дека по децении чекање, конечно жителите на селото Црвени Брегови ќе добијат фекална канализација во вкупна должина од 1.622 метри.

Имено, по добиените услови за планирање од Агенцијата за планирање на просторот и решението од Министерството за животна средина и просторно планирање, изработен е проект кој ќе биде преточен во дело и со кој се решава еден од најголемите проблеми на жителите на селото.

Вкупната проектна должина на фекалната канализација во Црвени Брегови е 1.622 метри, а според хидрауличната пресметка меродавната количина на отпадна вода изнесува 1,55 лит/сек. Инаку, целата канализациона мрежа е проектирана гравитационо отпадните води да се одведат во реката Вардар.

Close Search Window