За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог – ДУП за Урбана индустриска заедница 8- измена и дополна, Општина Неготино
Граници на опфатот e : на северозапад е улица „Серта“, на југ улица „Туристичка“ и на исток улица „Индустриска“.
Опфатот е со површина од 4,00 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – ДУП за Урбана индустриска заедница 8- измена и дополна, Општина Неготино изработен од ДПРН „ЗУМ Проект“ ДОО Скопје со технички број 28/15-У од ноември 2015, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 18.01.2016 година до 01.02.2016 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.01.2016 година во 13.00 часот во просториите на општина Неготино.