С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета
Предлог – измена и дополна на ДУП за УЗ 1 – дел од блок 3, КО Неготино, општина Неготино
Граници на опфатот e : на север е улица „11 Октомври“, на југоисток улица „Маршал Тито“ и на југозапад улица „Никола Петров “.
Опфатот е со површина од 3,28 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – измена и дополна на ДУП за УЗ 1 – дел од блок 3, КО Неготино, општина Неготино, со технички број 03-45/15 од март 2016 година, изработен од „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 06.04.2016 година до 19.04.2016 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.04.2016 година во 13.00 часот во просториите на општина Неготино.