Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/26), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2016 година со Одлука бр. 08-418/8 од 25.12.2015 година, од Советот на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета Предлог – ДУП за УЗ 9 – дел од блок 3, КО Неготино, општина Неготино
Граници на опфатот сe: на северозападната страна е улица „Железничка“, на североисточната страна граничи со КП бр. 8033, на исток се спушта надоле сечејќи ги катастарските парцели со број 8033, 8038, 8040, 8073/3 8026, 8024, 8026/2, 8727 и 8440.
Опфатот е со површина од 16,87ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – ДУП за УЗ 9 – дел од блок 3, КО Неготино, општина Неготино, со технички број 03-359/16 од јули, 2016 година, изработен од „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 01.08.2016 година до 15.08.2016 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.08.2016 година во 11.00 часот во просториите на општина Неготино.