Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна  анкета по Предлог план –  ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел од УБ 7.3, КО Неготино, помеѓу улиците „Цандо Кожинков“, ул.„Климентова“, ул.„Никола Карев„ ул.„Ленинова„ и ул.„Даме Груев“, Општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на север улица “Цандо Кожинков”, на исток улица „Климентова“ ,  на југоисток   улица „Никола Карев“,  на југозпадната страна  улица “Ленинова” и    на  северозапад е  улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина  од  7,72 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог планот –  ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел од УБ 7.3, КО Неготино, помеѓу улиците „Цандо Кожинков“, ул.„Климентова“, ул.„Никола Карев„ ул.„Ленинова„ и ул.„Даме Груев“, Општина Неготино,  со технички број  04-336/2017 од  јануар  2018 година, изработен од ДПИГК „ПАРАМЕТАР“ – Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  05.02.2018 година  до 16.02.2018 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.02.2018 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window