Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино ги информираат потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека денеска (среда 15-ти мај) поради дефект на транзитен цевковод Ф-200 водоснабдувањето ќе биде во прекин. Екипи на Комуналец се на терен и работат на отстранување на дефектот, по што ќе дојде до нормализирање на водоснабдувањето за жителите кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“.