Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Wa-mbrella|

  Почитувани, ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на двата информативни дена наменети за носители на одлуки на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на загадувањето на отпадните води“ кои ќе се одржат на 2ри и 3ти октомври 2019, со почеток во 10:30 ч. во хотел Памела, општина Неготино. Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10:00 ч.
Првиот инфо ден ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општината г – н Тони Делков и одговорните лица на проектот за општина Неготино и за општина Алмопиа, Грција. Понатаму, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе је презентираат законската основа и моменталната состојба во државата од аспект на заштита на биодиверзитетот и управување со водите и отпадните води, а денот ќе се затвори со претставување на човековото влијание врз загадувањето на водите. Вториот инфо ден ќе биде отворен со презентација за значењето на пречистителните станици за секој град со проследување на видео од изградбата на постојните пречистителни станици во државата. Понатаму ќе бидат презентирани податоци за квалитетот на водите во државата и податоци од извршениот мониторинг на каналот за наводнување во Неготино и Тимјаничка (Неготинска ) Река. Вториот инфо ден ќе се затвори со посета на текот на реката со осврт на изведбата на колекторот и водоводната мрежа, испустите од канализација и сл.
Со цел подобра организација Ве молиме потврдете го Вашето присуство на 078-344-904 или на projectwambrella@gmail.com најдоцна до 11:00 часот на 01 октомври 2019 година. Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella). Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e  општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е  Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4  е  ЈП ,,Комуналец“, Неготино.
Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе присуствувате на информативните денови, останувам со почит,     
Градоначалник, Тони Делков

Close Search Window