Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на петтата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 27.11.2019 година ( среда) во 13.00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за подршка на проект
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
3. Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за начелата на внатрешна организација на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
4. Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година